Ако вчера се забавувате од зајдисонце до изгрејсонце, денес сигурно страдате од мамурлак. Имате пулсирачка главоболка, вртоглавица, осетливи сте, мачнини, болка во стомакот… Ви се чини познато? Сето тоа се симптоми на (во овие денови) се почестата појава – мамурлакот
Иако најдобар начин за спречување на мамурлакот, секако, е трезноста, ретки се оние, кои навистина ќе останат подалеку од чаша (и повеќе) вино, шампањ или нешто слично. Со оглед на тоа, еве неколку совети од нас во однос на оваа навистина несакана појава…
– Никако пиење на празен желудник
– “Наоружајте” се со витамини
– Пијте многу вода
– Бирајте што пиете
И неколку совети, доколку “штетата е веќе направена”:
– Прошетајте низ блискиот парк, ливада или шума
– Не избегнувајте пиење вода
– Не пијте кафе
– Јадете што повеќе овошје и зеленчук
– Туширајте се со топла вода
– За ручек изедете топла супа