Освен тоа што спанаќот е полн со железо, каротиноидниот пигмент кој се наоѓа во него успешно се бори против ракот на простата, изобилува со минерали и витамини, а листовите содржат големо количество на хлорофил.
Само во 100 грама спанаќ има околу 1400 милиграми минерални состојки. Ајде да го видиме нутритивниот состав на оваа билка со сочни зелени листови.
Спанаќ за мајките и за бебињата
Во ниеден продукт нема толку магнезиум како во спанаќот, а на прстите од една рака може да се набројат оние со поголема содржина на железо. Спанаќот има и микроелементи, како што се манган, цинк, флуор и јод. Ова растение е богато и со витамин Ц (во свеж 28 милиграми во 100 грама), како и со провитамин А кој влијае на растот, па затоа се препорачува и на децата. Значаен е и како извор на фолна киселина, важна во текот на бременоста, зашто го спречува прераното породување, како и појавата на “зајачка усна” кај бебињата.
Чистење на организмот
Присуството на целулоза (620 милиграми) го прави спанаќот драгоцена билка за варење и чистење на организмот. Често се користи и против обстипација (тврда столица).
Рецепт: Се зема 5-10 гр. семе од спанаќ и се вари во 2 дл. вода во траење од 20 минути. Се остава покриено да се олади. Се цеди и се пие три пати на ден после јадење.
Враќање на видот
Научниците развиваат техника со која ќе може да се екстрахираат пигменти од спанаќот во нервните клетки на рожницата. Се верува дека ваквите пигменти, задолжени за апсорпција на светлината, може да помогнат во лекување на некои облици на слепило. Научниците се надеваат бар на делумно повраќање на видот кај пациентите.
Спанаќот штити од рак на простата
Еден каротиноиден облик под името неоксантин, од една страна, влијае на раковите клетки на простатата на тој начин што го стимулира нивното самоуништување. Од друга страна, пак, неоксантиот со метаболните процеси во цревата дополнително се претвара во неохроми, кои пак, од своја страна, го инхибира растот на клетките на ракот на простатата.
Научниците откриле 15 различни флавонски соединенија во спанаќот, кои се јаки антиоксиданси. Мнoгу од нив се корисни за превенција на ракот. Тоа бил доволен мотив за да се изолираат во чиста форма одделни соединенија од спанаќот и да се со нив продолжат испитувањата. Различни студии покажале дека тие состојки го успоруваат растот на малигните клетки на кожата, но и на малигните клетки на желудникот и на дојката.