Никој не би посакал да биде во кожата на болен човек или на некој од неговото семејство. Но тоа не значи дека треба да заборавите на оние што страдаат.
Навистина е себично да заборавите на стариот пријател или роднина од причина што не сакате да се изложувате на стресот што може да ви го предизвика неговиот изглед или состојба. Сетете се на основното правило: Вистинските пријатели се познаваат во неволја!
ЗА ДА ГО ПОТКРЕНЕТЕ ДУХОТ НА БОЛНИОТ:
Прегрнете го и држете ја неговата дланка. Така ќе му покажете дека не е сам на овој свет и дека се уште има луѓе што се грижат за него и што ќе патат доколку го загубат.
И понатаму смејте се за истите работи…болниот пред вас е истата онаа личност што добро ја знаете. Не плашете се да разменувате емоции дури и кога се работи за солзи, а особено не заборавајте да зборувате за она што ви се случува во животот. Не го осакатувајте од информациите што желно чека да ги чуе.
Не плашете се пред него да го изговорите името на болеста, така ќе му помогнете да се соочи со неа и со она што го чека. Слободно разговарајте за неговата состојба и заедно барајте решенија.
Болниот е свесен за страдањата што ги нанесува на своето семејство, намалете ја неговата грижа со тоа што ќе му кажете дека секогаш ќе бидете тука за неговите деца, сопруг, сопруга, родители, сестра, брат, пријатели…Осигурајте го дека ништо нема да недостасува.
ЗА ДА МУ ГО ОЛЕСНИТЕ СЕКОЈДНЕВИЕТО…
Нема полошо од тоа да се преправате дека се е во ред со вашата пријателка или пријател или уште полошо да го посетувате однесувајќи се кака се да е по старо. Штом се појавите на вратата на болниот, заборавате дека треба некој да ви свари кафе. Понудете се да зготвите нешто за сите, испеглајте ги алиштата што се натрупале, соберете ги трошките од подот…
Истражувајте во врска со храната што може да ја подобри состојбата. На пример ако дознаете дека дренките или рибизлите се добар удар за болеста, направете се што е во вашата моќ за да ги набавите и да го натерате болниот да ги консумира.
Понудете се да се грижите за децата, понудете го вашето слободно време и автомобил за да го однесете на лекар или да купите апчиња од аптека. Особено бидете присутни за време на празниците кога сите треба да се почувствуваат дека има надеж. Украсете го нивниот дом или болничката соба, потсетете ги дека правото да прослават се уште е нивно.