За време на оргазмот во организмот на човекот се ослободува окситоцин – хормон за врзување кој придонесува да се чувствувате пријатно и сакано. Освен тоа, окситоцинот ги намалува канцерогените кои предизвикуваат тумор на дојката.
Не чувствувате болка
Имате главоболка, грчеви или заздравувате од повреда? Не земајте аналгетици, туку појдете со саканата личност в кревет. Споменатиот окситоцин ги поништува сите болки за осум до десет минути. Ако сте на несоодветно место за ваков вид „природно лечење“, дури и размислувањето за секс може да ви ги олесни болките.
Помага при икање
Еден научник, истражувајќи го икањето на една личност која икала цели 72 часа, случајно открил дека по оргазмот истата се ослободила од својата мака. Имено, оргазмот го стимулира нервот „вагус“ кој влијае на тоа икањето да престане.
Оргазмот е како вино
Луѓето доживуваат врв на сексуалната зрелост во своите 30-ти години. Што се случува потоа? Иако некои си мислат дека во подоцнежните години квалитетот на оргазмот се намалува, едно неодамнешно истражување покажа дека квалитетот и зачестеноста на оргазмот, всушност, се зголемува со годините.
Генетска условеност
Ако ви е тешко да постигнете оргазам, не ги обвинувајте партнерот или вибраторот, туку родителите.
Имано, според едно истражување способноста на жените да постигнат оргазам е делумно генетски условена. Не е познато дали станува збор за анатомски, психолошки или физиолошки наследни проблеми, но уште од порано е познато дека важна улога игра опкружувањето на жената и нејзините верски склоности.
Меѓутоа, дури 45% од разликата меѓу жените кои можат да постигнат оргазам и оние кои не можат е од биолошка, а не културолошка природа.