Сите сакаме да изгледаме витко и примамливо но има и други начини за намалување на килограмите и тоа многу поздрави, отколку избегнување на појадокот.
Појадокот е најважниот оброк. Дури истражувања покажуваат дека тие што не појадуваат внесуваат повеќе калории од оние кои не го прават тоа.
Покрај тоа, појадокот е важен за…
Контрола на тежината
Појадокот го забрзува метаболизмот и дозволува вашето тело да троши повеќе калории. Ако го прескокнете, тогаш за ручек ќе внесете многу повеќе калории и многу повеќе ќе се здебелите, а тоа секако не е вашата цел.
Зголемување на енергија
Прескокнувањето на појадокот ќе ве направи да се чувствувате уморни.
Со консумирање на здрав оброк ќе добиете повеќе енергија и ќе можете да бидете продуктивни во текот на целиот ден.
Подобро здравје
Оние што го почнуваат утрото со обилен појадок обично прават поздрав избор на храна во текот на целиот ден,токму поради тоа што веќе појадувале, се заситиле и повеќе внимаваат на следните оброци.
Сите оние кои појадуваат се многу поактивни и поредовно вежбаат.
Подобрување на концентрацијата
Не само што телото ќе добие повеќе енергија,туку и менталните способности ќе се зголемат.
Со појадокот ќе ви се зголеми вниманието, меморијата и креативноста и тоа не само краткотрајно во текот на денот кога сте консумирале појадок, туку значително со текот на времето ќе се подобруваат, а вие ќе бидете изненадени од резултатите..