Како се чувствувате ова утро? Добро одморени или се разбудивте поистоштени од колку кога си легнавте, исто како и речиси половина од изминатата седмица?
Уморот е само почеток, она што следи се негативни последици врз здравјето, врз изгледот на кожата и мачнини. Расположението не е на ниво, а дури и најмала ситница може да ве изнервира и растревожи. Сето ова води кон депресија и песимистички прашања како „Каде води животот” итн. Ова се сведоштва на доброволците кои беа дел во експериментот на група научници при испитувањето како недостатокот на сон влијае врз човекот.
Нормалното осумчасовно спиење било намалено на 5 часа. За само една недела по почетокот на испитувањето кај волонтерите се појавиле симптоми на стрес. За жал за голем дел од луѓето должината на сонот од само 5 часа не е научно истражување туку секојдневие. Луѓето кои спијат помалку од 5 часа во текот на ноќта е дури за 3 пати поверојатно да доживеат психички пореметувања.
Во експериментот исто така беше докажано дека еден од најголемите предизвикувачи на несоницата е електронскиот екран. Седењето пред компјутер го забавува лачењето на хормонот мелатонин кој тера на спиење. Компјутерските екрани се дури и полоши од телевизиските поради малото растојание од нив велат научниците.