Овие природни прехрамбени сојузници ќе ви помогнат во битката со вишокот на килограмите. Без строги диети само со правилна исхрана и придржување кон овие совети ќе добиете одлични резултати на здрав начин.
Јадете јаглехидрати на пример, несолени јатки, јачмен и овес
Овие намирници го регулираат нивото на инсулин и ги намалуваат осцилациите на нивото на шеќер во крвта.
Дајте му предност на спанаќот над другиот зелен зеленчук.
Спанаќот содржи двојно повеќе влакна, кои му помагаат на организмот поефикасно да ги согори мастите.
Пијте вино
Една чаша вино на ден го спречува наталожувањето на масните наслаги, особено околу половината. Ресвератролот во црното грозје го намалува наталожувањето на масните клетки околу половината.
Пијте зелен чај
Зелениот чај содржи соединение, кое стапува во реакција со кофеинот и на тој начин ја забрзува оксидацијата на мастите и го зголемува метаболизмот при мирување за 20 проценти.
Прелијте ја салатата со малку маслиново масло
„Добрите“ масни киселини, содржани во ова масло, го поттикнуваат создавањето на еден протеин, кој предизвикува чувство на ситост и на тој начи го спречува прејадувањето.
Јадете калинки
Комбинацијата од соединенија во калинката ја намалува склоноста на организмот кој наталожување на масните наслаги, а калинката има толку сладок вкус, што сосема ја задоволува потребата од внесување на слатка храна.
Јадете црвени пиперки
Тие содржат капсицин, хемикалија која им го дава специфичниот вкус и која го забрзува метаболизмот при мирување за неверојатни 25 проценти.