Дали сте знаеле дека истоштувачките диети имаат влијание врз вашето либидо? Како што сексот влијае позитивно на имунитетот, крвотокот и кожата, така се е поврзано во синџир, па исхраната која ја внесувате и витамините во неа влијаат врз вашиот сексуален живот.
- Витаминот А е најосновниот витамин за нормална репродукција. Недостатокот од него кај експерименталните глувци предизвикува губење на силата на организмот и слабеење кое се одразува на машките тестиси и женските јајници, кое може да доведе до спонтана стерилност. Недостигот од витамин А влијае и врз продукцијата на полови хормони. Витаминот А го има во рибата, јајцата, млечните производи, зелениот лиснат зеленчук и жолтото овошје.
- Задача на витаминот Б-1 е помош при продукцијата на енергија и метаболизмот и затоа недостигот од него може да доведе до општо намалено ниво на енергија во организмот, кое индиректно има влијание на вашето либидо. Симптоми за ова се умор, раздразливост, забрзано чукање на срцето и слично. Затоа во најскоро време почнете умерено да консумирате лешници, грав, ананас и житарки.
- Недостатокот на витаминот Б-3, познат и под називот ниацин, може да предизвика појава на лишаи на кожата, проблеми со цревата и полесен облик на душевни пречки. Сексуалниот живот исто така зависи од доволното количество на витаминот Б-3, кој ја поттикнува циркулацијата (пример за време на оргазмот) и ги стимулира мозочните процеси. Овој витамин го има во немасното пилешко месо, рибата, свежите броколи и јогуртот.
- Витаминот Ц влијае на квалитетот на сексот бидејќи игра клучна улога во апсорпцијата на железо од храната, учествува при формирањето на еритроцитите и неопходен е за метаболизмот. Тој претставува важен дел од надбубрежните жлезди, жлезди кои во најголема мера го урамнотежуваат вашиот сексуален живот преку лачење на голем број полови хормони. Зајакнете го имунитетот, еластичноста и виталност со консумирање на јагоди, домати и портокали.