Не треба многу за кожата на лицето да почне да пука и да се лупи. Затоа мора да внимавате и да ја одржувате нејзината влажност. Во деновите кога има многу сонце и во деновите кога има сув студ кожата е најмногу изложена на ризик.
Од тие причини во таквите периоди се бара особена внимателност и нега. Изгорената кожа од сонцето или исушената кожа од студот се манифестира со пукање и првутење.
На крајот од денот на лицето се собира слој од мртви клетки кој најдобро се отстранува со пилинг. Но, постојаното лупење на кожата е нешто што не смеете да го дозволите. Како да знаете дека вашата кожа постојано се лупи?
Измијте го лицето и не ставајте никаков крем. Тријте ги образите со раката или пешкирот. Доколку на површина се појават оние бели трошки од кожата, тогаш имате проблем. Постојат неколку мерки кои можете да ги преземете за на време да го спречите лупењето на кожата.
Стојте подалеку од сонцето! Додека кожата повторно да се регенерира не изложувајте го лицето на сонце. Ако доправа треба да одите некаде на одмор, додека се сончате покријте го лицето со пешкирот. При секое излегување надвор мачкајте го лицето со крем со висок СПФ заштитен фактор.
Направете си домашен лек. Потребен ви е сок од ментол. Ставете неколку ментол ливчиња да се варат и исцедете го сокот од нив. Сокот нанесете го на лицето и исплакнете. Ментолот ќе ви обезбеди мека кожа и ќе го запре лупењето.
Задолжително купете алое вера. Алое верата одамна се употребува за ревитализација на уништената и изгорена кожа. Купете гел и редовно нанесувајте од него на сувите делови. За лицето дополнително да се освежи, пред да го нанесете гелот изладете го во фрижидер.
Обезбедете максимална хидратација. Со оглед на тоа што губите голем дел од кожата, а со тоа и нејзиниот природен сјај и еластичност, потребни ви се големи количества крем. Користете крем за сува кожа за да ја надоместите потребата од влага и мрснотија.
За побрзо регенерирање на испуканите делови употребувајте крем на база на хормони или попрецизно крем кој содржи хидрокордизон. Секојдневно нанесувајте тенок слој на критичните делови.
Ставајте ладни облоги. Во случај кожата да ви изгоре од сонцето тоа што веднаш можете да го направите е да ставите лед на зафатените делови. Во шамиче ставете неколку коцки лед и држете ги на изгорените делови. Ледот ќе ја одземе топлината од лицето и може да спречи лупење.