Истражувањето на британските научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон, покажало дека консумирањето на големи количини овошје, зеленчук и риба, може да ја спречи појавата на депресија.
Во истражувањето биле вклучени две групи на испитанци. Едната што консумирала природна, а другата индустриска. Ризикот за развој на депресија кај луѓето што јаделе свежи производи бил намален за неверојатни 26 %, додека оние што јаделе мрсна, индустриска храна го покачиле ризикот да заболат од оваа болест за цели 58%.
Објаснувањето лежи во големите количини на антиоксиданси присутни во свежото овошје и зеленчук, што делуваат заштитно. Рибата од друга страна, изобилува со омега 3 масни киселини што ја стимулираат мозочната активност, што исто така делува против депресијата.