Колку пати сте се запрашале дали актерите во филмот навистина имаат секс или само глумат? Во последно време, ако не се работи за порнографски филм, актерите симулираат секс сцени, а тоа добро го наплаќаат.
Сепак, има случаи кога им се препуштиле на страстите и не глумеле пред камерите.
Во филмот Nymphomaniac, режисерот Ларс Фон Триер барал од актерот Шија Лабоф да сними сцена на вистински секс. Младиот актер на почетокот бил во недоумење, но подоцна заклучил дека сепак сака да има дублер.
Во филмот 9 Songs од 2004 година на режисерот Мајкл Винтерботом, актерите Киеран О`Брајан и Марго Стили снимиле многу сцени во кои навистина водат љубов. Но, сцените од секс сепак не биле доволно уверливи, па филмот се најде на листата на најлоши снимки од секс на екран.
Неименуван извор, кој учествувал во снимањето на филмот Factory Girl тврдел дека сексот измеѓу актерите Сиена Милер и Хајден Кристенсен бил се`, освен глума.
Во филмот The Postman Allways Rings Twice од 1981 година сексуалната сцена измеѓу Џек Николсон и Џеси Ланг била вистинска.