Откако го остави светот без здив со својот албум „21“, објавен во 2011 година, сите со нетрпение го исчекуваат нејзиното ново издание.
Откако ја сними со Греми и со Оскар наградената песна „Skyfall “ за истоимениот филм за агентот 007, Адел во целост му се посвети на својот во меѓувреме роден син и на партнерот.
Како што се претпоставуваше, наследникот на албумите „19“ и „21“ ќе го носи називот „25“, колку што и Адел имала години кога ги напишала повеќето песни.
Очекувањата од албумот „25“ се затоа многу големи, но ако им се верува на најавите на нејзините колеги, Адел е на висина на задачата.
Ед Ширан во неодамнешното интервју за „Капитал ФМ“ рекол дека сите се воодушевени со она што Адел сега го подготвила додека пак „Билборд“ штотуку ексклузивно објави дека нејзината издавачка куќа XL recordings планира да објави албумот во неомври.