Моника Белучи и покрај тоа што има 50 години е доказ дека жената со годините не мора да ја изгуби привлечноста.
– Никогаш не потклекнав пред трендот на ботоксот и пластичните операции. Мора да го прифатите фактот дека ви се менува кожата и да бидете среќни поради тоа – вели Белучи.
Таа откри дека косата ја мие два пати неделно и дека не користи фен за да не ја оштети, за совети околу шминкањето вели „помалку е повеќе“ и признава дека никогаш не држела диети.
– Јадам се живо, само ги контролирам големините на порциите и пијам многу вода. Кога можам се занимавам со пливање и јога. И обожавам долги и релаксирачки купки, заклучува убавата Моника.