Многумина тврдат дека оваа загатка ја напишал Алберт Ајнштајн додека бил момче, иако не постојат цврсти докази за тоа.
Но, она што е сигурно е дека само 2 отсто од луѓето на светот може да ја решат.
Во прашање е навистина интелигентна игра за мозокот која популарно е наречена „Загатката на Ајнштајн“.
Обидете се да ја решите:
Постојат пет куќи со различни бои во низа. Во секоја живее една личност од различна националност. Петте сопственици на овие куќи пијат посебен пијалак, одредена марка на цигари и имаат миленици. Ниту еден од нив не пуши иста марка на цигари, пие ист пијалак и има ист миленик.
Други факти:
Британец живее во црвена куќа
Швеѓанецот има куче за миленик
Данецот пие чај
Зелената куќа се наоѓа од левата страна на белата куќа
Сопственикот на зелената куќа пие кафе
Сопственикот кој пуши Пал Мал има птици за миленици
Жителот на жолтата куќа пуши Данхил
Личноста која живее во куќата во средина пие млеко
Норвежанецот живее во првата куќа
Сопственикот кој пуши Блендс живее до куќата на која сопственикот има мачка
Личноста која има коњ живее до личноста која пуши Данхил
Личноста која пуши марка цигари Блумастер пие пиво
Германецот пуши марка цигари Принц
Норвежанецот живее до сината куќа
Личноста која пуши Блендс живее до човекот кој пие вода
Прашањето е: Која од овие личности има риба за миленик?
Не постојат трикови – се што ви е потребно е проста логика.
Доколку не успеавте, ви го откриваме решението…