Честопати им се случува на манекенките да потфрлат и да паднат на некоја ревија, но тоа многу ретко им се случува, речиси никогаш, на ангелите на „Викторијас сикрет“.
Сепак и тие се девојки од крв и месо, па така една од најсексапилните девојки на денешницата, Кендис Свонпул го „бакна подот“ на Модната недела во Њујорк.
Русокосата убавица од Јужна Африка падна пред публиката во петокот вечерта на ревијата на модната куќа „Живанши“.
Кендис ја превитка ногата, по што болно се испружи на модната писта. Гостите од публиката и понудија помош, но русокосата им даде знак дека сè е во ред.
По ревијата постираше фотографија од своите крвави колена на која се гледаат и чевлите поради кои падна.
Ова сигурно не е модел што сакате да се најде во вашиот плакар без разлика на тоа што е од најновата колекција.
Сванепоел не беше единствената која заврши на земја на ревијата.
Манекенката Поја Мор падна на дрвените скали што беа поставени на пистата и за среќа помина без посериозни повреди.