Откако изјави дека ги зголемила усните, Кајли Џенер наиде на негативни коментари дека направила пластична операција и на градите. Сепак, ријалити ѕвездата одлучила да им стави крај на овие гласини.
Веста дека ставила импланти во градите ја демантираше со само две фотографии кои ги објави на нејзиниот профил на Инстаграм.
Таа објави две фотографии, од кои на едната не носи градник, додека на другата облекла пуш-ап градник од модниот бренд Victoria’s Secret.
-Тајната е во градникот кој ги прави и до десет пати поголеми – вели 18-годишната Кајли Џенер.