На листа на најплатени манекенки која ја објави магазинот „Форбс“, бразилската убавица Жизел Бундшен (35), со минатогодишната заработка од 44 милиони долари, повторно се најде на врвот.
35-годишната убавица веќе 9 година по ред е една од најплатените модели во светот, изјавиле од магазинот „Форбс“.
Британската моделка Кара Делавињ, која неодамна и кажа збогум на модната сцена и премина на филмското платно, се издначи со ангелот на „Викторијас сикрет“, Адријана Лима и двете се најдоа на второто место на листата на магазинот. Делавињ минатата година заработила 9 милиони долари.