Сексипилната манекенка и сопруга на познатиот пејач Џон Леџенд, Криси Тајген своите фанови редовно ги известува за тоа што јаде, како се чувствува во бременоста и како се снаоѓа со трудничката гардероба.
На фотографијата манекенката лежи на две столици вои својот дом, облечена само во боди со долги ракави.
На оваа фотографија за првпат може да се види изразениот труднички стомак на убавата манекенка, а со оглед на тоа што изгледа неверојатно добро, Криси решила да се фокусира на своите колкови кои малку и се пополнети.
– Здраво, нови бутини! Ова се појави од никаде, но нема да се жалам, напиша 29-годишната манекенка.