Кајли Џенер во неодамнешното нејзино интервју за магазинот “Interview” изјави дека е сосема обична 18-годишна девојка, но сепак тоа е далеку од реалноста.
„На Instagram и Snapchat претерувам затоа што имам чувство дека тоа е тоа што луѓето сакаат да го видат. Тоа отсекогаш сум го правела и немам намера да престанам. Луѓето сакаат да ги видат и моите автомобили и чанси, но јас не сум таква“, изјави Кајли Џенер.
Токму тоа била темата на најновата фотосесија, пренесува “Elite Daily”. Фотографот сакал да ја „фати“ Џенер во обични ситуации во кои би се нашол секој човек. Сепак, далеку од тоа дека ова се навистина обични и секојдневни ситуации…