Бразилскиот супермодел Адриана Лима се надева дека ќе успее да изгради актерска кариера.
Таа во новата кампања за Мајк Џејкобс се фотографираше имитирајќи познати актерки како Софи Лорен, Одри Хепбрн и Мерилин Монро, а во интервјуто објасни дека се надева дека ќе изгради кариера во нивната бранша, а трите легендарни актерки се нејзината инспирација и пример.
„Сакам да продолжам да се занимавам со манекенството и чест ми е што работам на одлични кампањи иако имам 34 години и две деца. Сакам да им покажам на жените дека не мора да се млади за да бидат успешни. Исто така, би сакала да станам славна актерка“, изјави Адриана Лима.
Таа зад себе веќе има улоги во филмот The Hire:The Follow од 2001-ва година со Клајв Овен и Мики Рурк, како и во сериите Ugly Better од 2008-ма и Crazy Ones од 2013-та година.