Водителката на естрадниот магазин „Бекстејџ“, Миа Костова, на Фејсбук преку фотографија се пофали со своите стомачни мускули.
Сексипилната водителка изненади со оглед на тоа дека има многу обврски, а сепак редовно посветува внимание на својот физички изглед.
Познатата водителка со објавената фотографијата остави и подолг коментар во кој објаснува како дошла до ваквата телесна става.
Во секој случај убаво изненадување пред новогодишните празници за сите нејзини фанови…
– Последнава година упорно добивам пораки во инбокс околу симнување килограми, совршената диета, најлесниот начин, неколку пати дури бев и осудена за давање лош пример дека “ништо не јадам”. Мразам режим зошто сакам да згрешам некогаш кога ќе ми текне, па едноставно се учите да живеете со овошје и зеленчук, а тоа, секако, не е ништо. Гурман, “од сè сакам да си каснам” и слаб не одат во иста реченица. Општото мислење на “ми се тресат раце ако не каснам” е само во вашата глава. Од бурек рацете не престануваат да се тресат, губите сила од глутен и зејтин, ама чаша сок направен со ладно цедење во мојата нова љубов – соковникот, на пример, ќе ве обезбеди со повеќе растителни влакна, витамини и вкус. Салата и галети се исто така дел од мојата исхрана. Варен зеленчук. И толку. Јас играм така веќе две години и не сум имала никогаш повеќе сила, енергија и хемоглобин 150. Вкусовите околу килограмите ни се различни, но теоријата е таа – стои како коментар со фотографијата што ја објави Костова.