Танцот во “Тишина” со гласна порака против семејното насилство

Спонзорирани линкови

На 20.06.2018 година, на големата сцена во Македонската опера и балет, Културно – уметничкиот центар Битрикс ќе ја изведе премиерата на најновата танцова претстава наречена “Тишина”.

Идејата за претставата “Тишина” е поттикната од еден од најчестите проблеми на денешницата – семејното насилство. Низ перформансот осцилираат ситуации од вистинити приказни  од секојдневието на членовите и нивното опкружување, кои за жал, се прифатени и сè уште присутни во заедницата, а жртвите се чувствуваат немоќни.

“Тишина” е еден аудиовизуелен перформанс во кој повеќе уметнички фрагменти создаваат една неверојатна целина, а се со цел да ја разбудат свеста и да охрабрат промена за оние на кои им е потребна!

Кореографи на претставата се Ивана Балабанова и Леонардо Хусеини од Битрикс, а во неа се вклучени 31 танчер.

Целосната креатива и изработка е поддржана со активноста на видео-продукцијата Марсбен, концепт-креаторот и графички дизајнер Ана Стојановска, веб-дизајнерот Томислав Балабанов, психотерапевтот Тина Васков, Владо Караев како надворешен соработник и активист против семејно насилство, фотографот Ѕвонко Петровски, Иван Петров -музички продуцент, вокалната група составена од: Стефан Манасиевиќ, Матеј Петров, Јулија Трајковиќ, Полина Тасева, Дамијан Каранфилов, Искра Мицковска и Маја Јанковска, професорката по актерска игра Кристина Леловац, здружението “Надеж” кое низ годините се бори против семејното насилство и ја нуди СОС линијата за помош на жртвите од семејно насилство и маркетинг агенцијата McCann Скопје.

Картите за претставата се веќе пуштени во продажба и се достапни во  Битрикс и преку онлајн продажба на: karti.com.mk  и mktickets.mk

Битрикс се повеќекратни шампиони на многу државни и меѓународни натпревари, а и вицешампиони на ESDU Светското првенство во модерни танци. Тие се креатори на многу проекти, меѓу кои позначајни се двете танцови претстави “Издигнување” (премиера 2013 на “Танц Фест”) и “Делови” (премиера 2016 на кровот на катната гаража “Македонска Фаланга”). Тие се креатори на единствениот танцов камп во Македонија “Битрикс Танцова Лига”, на кој до сега учествувале кореографи од Холандија, Швајцарија, USA, Италија, Германија, Украина, Естонија, Грција, Србија, итн.

Нивното портфолио брои огромен број на перформанси за: Вип, Apple, Timberland, Replay, Buzz Sneaker Station, Neuland, Seavus, итн.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford