Секс бомбата со латино потекло, Џенифер Лопез, е позната по своето совршено затегнато тело на кое таа му посветува големо внимание. Покрај тоа што внимава на исхраната, Џеј Ло исто така редовно посетува фитнес центар.
Доколку сте се запрашале како латино дивата на 46 години изгледа толку добро, тогаш преку овие фотографии ќе ја дознаете целата вистина.
Иако не е една од славните ѕвезди кои постојано објавуаат фотографии од теретана и напорните тренинзи, пејачката објави фотка на која позира во спортска гардероба и на која е подготвена за вежбање.
Совршено обликуваниот стомак е она што на нејзините обожаватели најмногу им „паднал“ в очи, а пејачката после објавената фотографија отишла на уште еден кардио тренинг.
Доколку сакате и во петтата деценија од животот да изгледате како Џеј Ло, знаете која е добитната комбинација – вежбање и балансирана здрава исхрана.
Семејната фотографија која исто така ги воодушеви нејзините фанови е и онаа на која Џенифер Лопез дува свеќички со своите деца, Макс и Ема, кои го прославиле својот осму роденден.