Пред да се влезе во дуел со Малек Жазири во осмина финалето на турнирот во Дубаи, Новак Ѓоковиќ одлучил да отиде на плажа и малку да се релаксира.
И додека уживал во сончевите зраци, имал интересна средба со руската русокоса убавица Викторија Лопирева.
Атрактивната Русинка Викторија Лопирева изгледа како вистинска секс – бомба. Таа е амбасадорка на Светското првенство кое ќе се одигра во Русија во 2018 година и поранешна Мис на Русија.
Денес занимава со манекенство и новинарство па во Дубаи имала шанса да се сретне со – според нејзините зборови – нејзиниот омилен тенисер.
Имено, згодната Русинка ја објавила фотографијата на која позирала со најдобриот светски тенисер на Инстаграм и во описот напишала: „Со мојот омилен тенисер. Среќно во остатокот од турнирот“.
Покрај Викторија Лопирева, таму била и нејзината пријателка Елена Кошегарова, додека на Новак Ѓоковиќ друштво му правел неговиот голем пријател и спаринг партнер Марк Стилитано.