Една од најбараните пејачки во Македонија, Елена Велевска на 31. декември има закажано дури три настапи.
Битолчани ќе имаат прилика да ја видат на дневна забава во „Интермецо“, потоа таа ќе настапи на градскиот плоштад во Охрид, а во утринските часови ќе ги забавува гостите на ресторанот „Лихнидос“ во Охрид.
Но Елена ни овој пат не заборави на своите обожаватели кои се во доста голем број а нема да можат да дојдат на овие настапи. Таа им подготви новогодишен подарок, односно неколку жешки фотографии, за кои сме сигурни дека на повеќето ќе им се допаднат…