Сигурно сите се сеќавате на помладата сестра на Рон Визли, Џини, која ја освои публиката со својата скромност и љубовта кон омилениот волшебник на сите – Хари Потер.
Но црвенокосата убавица овие денови изгледа сосема поинаку од она срамежливо девојче кое го паметиме од филмовите за Хари Потер.
Британската актерка Бони Рајт води прилично повлечен живот но сепак кога папараци фотографите ќе успеат да ја фотографираат – фановите паѓаат во транс. Особено кога, како овој пат, ќе се соблече во секси бикини и ќе покаже дека одамна порасна во атрактивна девојка.
Црвенокосата актерка ужива на одмор во Австралија, каде што настанале овие фотографии кои со брзина на светлината почнаа да се шират на социјалните мрежи и да предизвикуваат воодушевување кај фановите на приказната за Хари Потер.