Ајде да го разбудиме духот на романсата и да се потсетиме на најубавите љубовни цитати од романтичните сцени во филмовите. Кој е вашиот омилен?
Dirty Dancing (1987)
„Јас? Јас се плашам од се, се плашам од тоа што го видов, од тоа што го сторив, од тоа кој сум и најмногу од се се плашам од тоа дека ќе излезам од собава и никогаш повеќе до крајот на животот нема да се чувствувам како што се чувствувам кога сум со тебе.“
– Baby (Jennifer Grey) на Johnny (Patrick Swayze)
Eternal Sunshine of the Spotless Mind (2004)
„Би можел да умрам сега. Едноставно, среќен сум. Никогаш не сум се чувствувал вака претходно. Точно сум онаму каде што сакам да бидам.“
– Joel (Jim Carrey) на Clementine (Kate Winslet)
When Harry Met Sally (1989)
„Кога ќе сфатиш дека сакаш да го поминеш остатокот од животот со некого, сакаш остатокот од животот да започне колку што е можно побргу.“
– Harry (Billy Crystal) на Sally (Meg Ryan)
City of Angels (1998)
„Повеќе би сакал само еднаш да ја помирисам нејзината коса, еден бакнеж на нејзините усни, еден допир на нејзината рака, отколку вечност без тоа. Само еден!“
– Seth (Nicolas Cage)
Notting Hill (1999)
„После се… Јас сум само девојка која стои пред момче и го моли да ја сака.“
– Anna (Julia Roberts) на Will (Hugh Grant)
Sleepless in Seattle (1993)
„Тоа се илјадници мали работи кои кога ќе ги додадете значат дека ни е судено да бидеме заедно и знаев… Знаев од првиот миг кога ја допрев. Беше како да се враќам дома… само во дом за кој никогаш не знаев. Само ја земав за рака да излезе од автомобилот и знаев. Тоа беше магија.“
– Sam (Tom Hanks)
Pretty in Pink (1986)
„Рече дека не можеш да бидеш со некој кој не верува во тебе. Па јас верував во тебе, само не верував во себе. Те сакам.“
– Blane (Andrew McCarthy) на Andie (Molly Ringwald)
Serendipity (2001)
„Не треба да разбереш, само треба да имаш верба… верба во судбината.“
– Sara (Kate Beckinsale) на Jonathan (John Cusack)
Remember Me (2010)
„Љубовта вклучува поминување време заедно, но и поминувањето време одделно може да одведе до сакање уште повеќе.“
– Tyler (Robert Pattinson) на Ally (Emile de Ravin)
Out of Sight (1998)
„Тоа е како да гледаш некого по прв пат и се гледате неколку секунди и тука е оној вид на препознавање како двајцата да знаете нешто. Наредниот момент личноста заминува и веќе е предоцна да сторите нешто во врска со тоа.“
– Jack (George Clooney)
The Notebook (2004)
„Нема да биде лесно. Ќе биде навистина тешко. Ќе треба да работиме на ова секој ден, но сакам да го сторам тоа затоа што те сакам. Го сакам секој дел од тебе, засекогаш, јас и ти, секој ден.“
– Noah (Ryan Gosling) на Allie (Rachel McAdams)
Lucky One (2012)
„Треба да бидеш бакнувана секој ден, секој час, секоја минута.“
– Logan (Zac Efron) на Beth (Taylor Schilling)
LOTR: Fellowship of the Ring (2001)
„Повеќе би сакала да поминам еден животен век со тебе отколку да се соочам со сите години на светот сама. Избирам живот на смртник.“
– Arwen (Liv Tyler) to Aarogron (Viggo Mortensen)
Hitch (2005)
„Животот не е бројот на здивови кои ќе ги земеш, туку на моменти кои ти го одземаат здивот.“
– Hitch (Will Smith)
Good WIll Hunting (1997)
„Не е важно дали момчето или девојката се совршени, се додека се совршени еден за друг.“
– Sean (Robin Williams)
As Good As It Gets (1997)
„Правиш да сакам да бидам подобар човек.“
– Melvin (Jack Nicholson) на Carol (Helen Hunt)
Juno (2007)
„Според мене најдобрата работа што можеш да ја направиш е да најдеш личност која ќе те сака токму таква каква што си. Добро расположена, лошо расположена, грда, убава, личност која без разлика каква си ќе мисли дека сонцето изгрева од кај тебе. Тоа е личност покрај која вреди да останеш.“
– Mac (J.K. Simmons)
The Vow (2012)
„Се заветувам дека огнено ќе те сакам во сите твои изданија, сега и засекогаш. Ветувам дека никогаш нема да заборавам дека ова е љубов што се случува еднаш во животот.“
– Leo (Channing Tatum) на Paige (Rachel McAdams)
A Walk to Remember (2002)
„ Jamie ми го спаси животот. Таа ме научи се, за животот, за надежта и за долгото патување пред нас. Секогаш ќе ми недостига, но нашата љубов е како ветрот. Не можам да ја видам, но можам да ја почувствувам.“
– Landon (Shane West)