Колку пати сте помислиле на некој што не сте го виделе неколку години наназад и таа иста личност ве побарала после саат време?
Или пак, колку пати сте морале да избирате помеѓу две опции, и сте одлучиле врз основа на инстинктот за на крај да се покаже дека тоа била вистинската одлука? Сте ‘’прочитале’’ некоја личност што едноставно сака да ве искористи?
Веројатно ви се има случено ова честопати, феноменот кој се вика женска интуиција!
ЖЕНСКА ИНТУИЦИЈА – ЖЕНИТЕ СЕ ПОДОБРИ ВО ЧИТАЊЕТО НА НЕВЕРБАЛНИТЕ ПОРАКИ
Жените знаат да ги препознаат и невербалните пораки и исто така добро да ги прочитаат. По однесувањето на нивниот соговорник, жените можат да осетат како истиот се чуствува, што размислува, неговите ставови и склоности кон нештата…Читајќи ги сите тие пораки и чувства, жените донесуваат одлуки и формираат мислење.
Женската интуиција е се почесто споменувана и како термин работниот свет и како квалитетна карактеристика која ѓи издвојува од машките.
Margaret Heffernan –авторка на книгата ,,HOW SHE DOES IT: HOW WOMEN ENTREPRENEURS ARE CHANGING THE RULES OF BUSINESS SUCCESS’’ истакнува неколку занимливи тези, а нивниот клуч се крие во тоа што жените ги споредува со улични чистачи. Воедно, Heffernan мисли дека жените се вистински собирачи на информации и тоа го прават преку целиот свој работен ден – едноставно впиваат се, од моментот кога го носат своето дете во градинка, додека пазаруваат во продавница, додека ги разгледуваат излозите низ бутиците, додека ја гледаат својата омилена емисија или припремаат ручек. Едноставно постануваат ‘’длабоко информирани’’.
И таа информираност им помага да донесат одлука или да формираат мислење за креирање бизниси – да знаат што е во мода, кои вкусови се популарни, што се облекува, што музика се слуша…едноставно кажано да го осетат теренот и приликите. А еве уште неколку примери зошто и веруваме на женската интуиција:
ЗОШТО Е ИНТУИЦИЈАТА МОЌНО ОРУЖИЈЕ ВО БИЗНИСОТ?
1. Интуицијата можеби ќе ве натера да пробате нешто што вашиот разум никогаш не би ви го дозволил тоа, зошто сите знаеме дека разумот секогаш игра на сигурно.Но, ако вашиот глас честопати ви ѕвони и ви дава сигнали “дека се ќе биде во ред” вашата интуиција ќе ве наведи да ризикувате. А и не е залудно кажана мислата “Кој не ризикува, не профитира”. Тоа њ многу важно посебно во работа каде што некој треба да повлечи и неочекувани потези кои никој друг освен вас треба да ги реши со логика.
“Чувството во желудникот” е вообичаено тоа кое ќе пресуди во кој правец ќе тргнат работите. Кај донесувањето на одлуките,жените најчесто се ослонуваат на интуицијата него на “плус и минус “, посебно ако никогаш до сега претходно не била изневерена од истата. Не се плашите да го послушате вашиот внатрешен глас и да соработувате со истиот!
2. Можете да ги прочитате луѓето и да осетите дали се лажно претставуваат. Во бизнис светот постојат секаков вид на луѓе и сите си гледаат и работат во своја корист, а не во ваша. Исто така секогаш се подсетувааме на она дека “бизнисот и пријателството не одат рака под рака “ па затоа вклучете ја сијаличката и бирајте и проверувајте на кој можете а на кој не, да верувате. Затоа, ако некој е успешен и популарен, а вас баш и не ви се допаѓа, проверете пред да му доверите нешто во негови раце. Без обзир на широката насмевка и слатките зборови. Наслоните се на вашата способност за проценување на луѓето а не на она што се зборува за нив.
3. Интуицијата може да ви помогне да насетите добра прилика и да напредувате во работата. Секако, ако ја искористите паметно. Значи, одбирањето најдобри работни решенија, насетувањето на добра работа, можноста да ги препознаете желбите и барањата на теренот и бизнисот, и повлекувањето на правилни потези во вистинскиот момент….тоа е она што е наведено дека женските го поседуваат за разлика од машките. И жените најчесто се повеќе и повеќе ја користат таа своја предност во работата за разлика од машките кои најчесто се водат по калкулирање и рачунање што и не секогаш е лош потег. Но, понекогаш за да се родат нови,квалитетни и подобри идеи, треба нешто повеќе од формалните и темелни знаења и претпоставки. Искористете ја вашата интуиција заедно со знаењето и искуството за проценување на желби и потребата на надворешниот свет и применете го тоа во пракса. Затоа што женската интуиција прави чуда!