Во најновите „Фчерашни новости“ последни дознајте за тоа како Македонија го совлада речникот на Вук Караџиќ, како да убиете пајак според фенг-шуи и како реагираат познавачите на законот за легализирањето на маслото од канабис.
Пред нас е уште една урнебесна епизода на единствената емисија од ваков тип кај нас. Епизодата број 9 на „Фчерашни новости“ премиерно ќе биде прикажана оваа недела, 19 јуни, во 19:10 часот на Телма телевизија.
Во меѓувреме, погледнете ги необјавените клипови и скечеви на „Фејсбук“, фотографиите од зад сцената на „Инстаграм“ и потсетете се на старите епизоди на „Јутјуб“.