Постојат два вида на луѓе во светот: оние кои се одлучуваат да бидат среќни (и ги земаат работите во свои раце) и оние кои тоа не го прават.
Добро познато ви е она верување дека среќата доаѓа од слава, од богатсвото, од други луѓе или од материјалните работи, меѓутоа не е така , среќата доаѓа од внатре. И богатите плачат, така? Они можат да бидат длабоко во себе премногу несреќни за разлика од останатите. Среќните луѓе се среќни затоа што тие самите себе си се прават среќни. Тие го одржуваат позитивниот поглед на светот,и не си го нарушуваат својот внатрешен мир.
Прашањето е: Како тие тоа го прават?
Одговорот е премногу едноставен. Среќните луѓе имаат добри навики кои го подобруваат нивниот живот. Тие работите ги прават на малку подруг начин…
Кога би прашале некој таков среќен човек, сигурно би ги добиле сите овие совети:
Не бидете злопамтила. Среќните луѓе се свесни дека е подобро да заборават или да опростат , него да дозволат негативните чуства да ги потиснат оние позитивните. Луѓето кои не го прават тоа, најчесто се депресивни, анксиозни и најчесто се под стрес. Кога знаете дека вашата совест е чиста, опуштете се и користете ја енергија на добрите работи во вашиот живот.
Бидете добри во однесувањето со другите луѓе. Дали сте знаеле дека љубезните луѓе се посреќни? Секој пат кога ќе направите нешто добро, потполно несебично, вашиот мозок произведува серотонин (хормонот задолжен за доброто расположение) . Тоа не е се, кога со луѓето се однесувате добро, со достоинство, со почит, со љубов, градите поцврста врска.
На проблемите гледајте како предизвик, дури и како прилика. Зборот ,,проблем,, практично и не постои во вокабуларот на среќните луѓе. Проблемот најчесто се гледа како недостаток на нешто, како борба, или како неизвесна ситуација, додека пак предизвикот се гледа како нешто позитивно, како прилика, задача, шанса. Кога и да наидете на препрека, на неа гледајте како на предизвик.
Научете да бидете благодарни на она што веќе го имате. Постои една популарна изрека на англиски – ,,The happiest people don’t have the best of everything; they just make the best of everything they have.“ Ќе бидете многу посреќни ако ја множете благодарноста а не недостатокот.
Сонувајте големи сонови. Луѓето кои имаат големи желби и соништа, имаат поголема шанса да ги остварат за разлика од оние што немаат никакви соништа. Ако се осудите да сонувате големи соништа, вашиот мозок ке работи на фокусирање, и на позитивни браниови должини.
Не се грижете за малите работи. Среќните луѓе го поставуваат секогаш ова прашање- ,,Дали за година дена овој проблем ке биде сеуште значаен?,, Они знаат дека животот е премногу краток за да се вознемируваат за небитни работи. Препуштајќи ги тие работи да се одвиваат без ваше учествување, ви овозможува да уживате во едноставните работи, и ви заштедува време и енергија за уживање во останатите важни работи за вас…
Зборувајте добри работи за другите луѓе. Ако се однесувате фино и љубезно со другите луѓе околу вас, ке се чуствувате многу поубаво. Говорејќи добри работи за другите, вашите мисли тогаш се оптоварени со позитивност, и не ги осудувате другите.
Не смислувајте изговори. Бенџамин Франкли еднаш рекол-,, Оној кој е добар во смислување на изговори, е ретко добар за било што друго.,, Среќните луѓе не смислуваат изговори и не ги обвинуваат другите за сопствениот неуспех. Наместо тоа, тие ги прифаќаат сопствените грешки, и работат на нив.
Живејте во сегашниот момент. Среќните луѓе не живеат во минатото и не се грижат за иднината. Тие уживаат во сегашноста. Тие се 100 % посветени на сегашноста и тоа што го прават во моментот, без разлика колку тоа било безначајно…
Будете се во исто време секое утро. Дали сте приметиле дека среќните и успешните луѓе се будат рано, баш како во изреката. Будењето во исто време го стабилизира дневниот ритам, ја зголемува продуктивноста, и дава стабилност во текот на целиот ден.
Не се споредувајте со другите. Секој работи со свое темпо и на свој начин, затоа и не е потребно да се споредувате со другите. Ако мислите дека сте подобри од некој друг, вие тежнеете кон нездраво чуство на супериорност. Ако пак мислите дека некој друг е подобар од вас , имате големи шанси да ви се намали вашата самодоверба. Бидете среќни и концентрирајте се на вашиот личен развој, и пофалете ги другите за нивниот.
Мудро избирајте ги пријателите. Жртвите сакаат друштво. Затоа е важно да се опкружите со позитивни луѓе околу вас кој ќе ве бодрат во остварувањето на вашите цели. Што повеќе имате позитивна енергија околу себе, толку подобро ке се чуствувате.
Никогаш не барајте одобрувања и дозвола од други луѓе. Среќните луѓе не се замараат со мислењата на другите. Тие го слушаат своето срце и не дозволуваат неистомислениците да ги обесхрабрат. Тие знаат дека на светот не може да му се удоволи. Ислушувајте ги другите што имаат да кажат ама никогаш не барајте нивни благослов.
Слушајте што имаат другите да кажат. Помалку зборувајте, повеќе слушајте. Слушањето го ,,отвара,, вашиот умза нови мудрости и размислувања. Големи се бенефитите од слушањето.
Негувајте ги односите со другите луѓе. Познато е дека осамената личност е безвредна личност. Среќните луѓе имаат големи, значајни и цврсти односи со другите. Секогаш одвојувајте време да се видете со вашата фамилија, со вашите пријатели, да разговарате, со најблиските и со сите други за ваш важни личности…
Медитирајте. Медитацијата го смирува вашиот ум и ви помага да го пронајдете вашиот сопствен мир. Не морате да бидете зен мајстор за тоа да може да го правите. Среќните луѓе знаат како да го смисрат сопствениот ум, без разлика каде и на кое место, секогаш кога им е потребна присебност.
Хранете се здраво. Храната која не ви одговара, ве успорува, а со такво темпо тешко дека ќе мошете да функционирате среќни. Се што јадете и внесувате директно влијае на способноста на вашето тело да произведува хормони кои ќе влијаат на вашето расположение, енергија и ментален фокус. Бидете сигурни дека внесувате храна која ќе го одржи вашето тело и ум во добра состојба.
Вежбајте редовно. Студиите покажуваат дека вежбањето го подига нивото на среќа. Го подига нивото на самодоверба и ви дава чуство на само- достигнување.
Живејте во мал простор. Среќните луѓе се често задоволни во мали и се свесни дека луксузот им носи стрес и обврска. Некој студии покажале дека Европејците се посреќни од Американците бидејќи живеат во помали куќи, возат едноставни автомобили и поседуваат малку работи.
Зборувајте ја секогаш вистината. Лагата е стресна, влијае негативно на вашата самодоверба и ве прави не многу симпатични. Вистината ослободува. Вистината ја подобрува менталната свест и ја зголемува довербата на другите во вас. Секогаш бидете искрени и никогаш не се извинувајте за тоа.
Воспоставите лична контрола. Среќните луѓе имаат можност да ја изберат својата судбина. Не дозволуваат другите да им зборуваат како треба да го живеат сопствениот живот. Можноста да имаш подполна контрола над сопствениот живот ви носи позитивно чуство и поголема самодоверба.
Прифатете ги работите кои не можете да ги промените. Кога ќе се помирите со фактот дека животот не е фер , ќе бидете многу посмирени. Наместо опседнатост со непревдите кои се случуваат, фокусирајте се на работите кои можете да ги контролирате и променете ги на подобро.