Сите проблеми на жената и потекнуваат од умот и од недостатокот на доволно мудрост. Лесно е да сме умни и да излегуваме секогаш прави во секоја ситуација, но за да бидеме среќни во личниот живот треба да сме малку помудри.
Дознајте која е разликата помеѓу женската мудрост и интелигенција.
1. Кога паметна жена гледа дека нејзиниот сопруг прави грешка, таа веднаш му ја навира во очите и потоа не престанува да вика дека го предупредила.
Мудрата жена ќе го поддржи, окуражи, а понекогаш дури и ќе се направи дека не го забележува. Бидејќи сака да биде среќна.
2. Во ситуација на криза паметната жена ќе го преземе кормилото во свои раце и ќе го научи мажот како треба да се живее.
Мудрата жена суптилно ќе го насочува во вистинската насока, оставајќи го да мисли дека тој е херој, кој ја спасил ситуацијата.
3. Паметната жена ќе инсистира нејзиното дете да е добро во математика и ќе седи да пишува домашни со него и покрај сè.
Мудрата жена ќе се обиде да го запознае детето и неговите желби и потреби и ќе го поттикнуваат да се развива во областите кои му се интересни.
4. Паметната жена ќе се обиде да биде добра со сите, да се однесува внимателно кон колегите и нивните проблеми.
Мудрата жена е онаа која создава топла и пријателска атмосфера, во која сите ќе се чувствуваат пријатно.
5. Паметната жена нема да се меша во животот на веќе пораснатите деца, да им дава несакани совети како да го живеат својот живот или како да ги воспитуваат децата.
Мудрата жена ќе ги остави сами да го натрупаат своето животно искуство, но ќе биде нивна поддршка во секоја ситуација.
6. Паметната жена ќе ја наметне својата независност и позициите кај свекорот или кај својата свекрва.
Мудрата жена умее да се насмевнува, да слуша тивко и да не се согласува. А потоа да ги прави работите свој начин. Со многу љубов.
7. Паметната жена сака да го промени светот, со менување на луѓето околу себе.
Мудрата жена ја започнува промената од себе. И ги прифаќа другите такви какви што се.
8. Паметната жена смета дека е среќен оној кој е успешен.
Мудрата знае дека е успешен оној кој е среќен.