Пејачката Симона го доведе своето тело до совршенство.
Доколку судиме според тоа како изгледа, дефинитивно поп-пејачката Симона Попоска важи за една од најзгодните риби на нашата естрада.
По промоцијата на летниот хит-сингл „Не ни е крив никој друг“ и многубројните настапи низ целата земја, познатата пејачка конечно најде малку одмор и за себе.
Симона веќе неколку дена ужива на плажите во Грција, поточно во еден луксузен хотел на Халкидики и оттаму ни испрати неколку фотографии од кои буквално застанува здивот.
Облечена во златни минијатурни бикини, Попоска ја покажа својата совршена линија на која може да ѝ позавидат повеќето нејзини колешки.