На 21 август ( недела ) во детската игротека “Златна ѕвездичка“, во Трубарево, ќе се одржи хуманитарна забава за децата од поплавените подрачја со цел барем за момент да заборават на маките и проблемите кои ги имаат тие и нивните родители по поплавите.
На забавата децата од загрозените подрачја ќе имаат можност да се дружат со познати музички ѕвезди од македонската музичка сцена меѓу кои и ДАНИЕЛ КАЈМАКОВСКИ,ВЛАТКО ИЛИЕВСКИ и СЛАТКАР да се забавуваат со ликовите на Дизниленд, и со кловнот Лили, куклена претстава и сето тоа зачинето со караоке шоу и богат коктел за сите присутни.
За децата од загрозените подрачја полесно да стигнат до игротеката “Златна ѕвездичка“, во Трубарево, ќе им биде обезбеден и бесплатен превоз кој ќе тргнува во 10:30 часот од автобуската постројка “Последна 65-ка“ во Црешево, по што ќе помине низ Стајковци во 11:10 кај школото, Брњарци во 11:20 кај школото и 11;40 Сингелич(последна 45 ка) и од таму се упатуваат кон игротеката..
Сите заинтересирани деца од Смилковци и Винче кои сакаат да присуствуваат на забавата, ќе мора да дојдат во 10:30 до автобуската постројка “Последна 65-ка“ во Црешево поради неможноста на автобусот да помине низ овие населени места.
Воедно секое дете доколку сака, може да поведе со себе еден од родителите, додека пак за најмладите присуството на еден од родителите е задолжително.
Забавата ќе трае од 12:00 до 15:00 часот по што преку организиран превоз децата ќе бидат вратени дома.
На забавата можат да присуствуваат и сите останати кои не живеат во погодените подрачја при што ќе имаат можност да остават и своја донација за децата од загрозените места.
Организаторите ги повикуваат и сите компании кои сакаат да дадат учество во забавата преку изненадувања и подароци за децата, слободно да контактираат со нив на тел: 076/458-427.
Настанот го организира игротека “Златна ѕвездичка“ а покровители на забавата се: ЈСП, catalog.mk, zabava.mk, Здравје радово, Мак прогрес (Винчини), Fancy Marrige, Маркети ЕЛ-НИК, Кловн Лили, пекара Вики, пекара Кисс ми, пекара Жути…
Ти се допаѓа ова? Кликнете лајк и следете не!