Баскерфест 2018 збогатен со многу нови забавни содржини

Спонзорирани линкови

Баскерфест 2018 ќе се одржи од 12-17 јуни на плоштадот „Македонија” во Скопје, но традиционално и во другите градови, посетителите ќе имаат можност да уживаат во караванот кој носи среќа.

Фестивалот на улични изведувачи оваа година ќе понуди многу забава за сите возрасти. Сите посетители, па и случајни минувачи, освен во врвните баскер мајстории на жонглери, акробати, циркуси, кловнови, ќе може да уживаат и во многу нови забавни содржини.

Најмалите секојдневно ќе можат да се дружат и едуцираат во детската едукативна работилница, каде што ги очекуваат многу изненадувања. Тука ќе биде и корнерот за животни- односно пет катче каде што преку забава ќе се едуцираат за милениците заедно со Марко Новевски, а ќе се собираат донации и за бездомни животни.

На плоштадот „Македонија” ќе има и базар на ракотворци, а за првпат е органзиран и „ Аrt’s n Craft’s”-за луѓето кои имаат креативност и знаат како од обични предмети да креираат уметност. На првото издание на Art’s n Craft’s, задачата на пријавените креативци е на метални буриња за пиво да ја изразат својата визија и креираат уметност. Настанот ќе има натпреварувачки карактер со награди за најдобрите.

Ќе бидат поставени и интерактивни инсталации кои ќе ги анимираат сите посетители. Како главна атракција е Тунелот на стравоткаде што со воз на шини ќе се минува низ неколку страшни конструкции опремени со соодветно осветлување, реквизити и звучни ефекти. Ќе има и ѕид со гуми за качување, photo booth, кафез со балони, арт маса и уште многу интересни инсталации во кои публиката ќе може интерактивно да се вклучи.

За љубителите на спортот, ќе биде поставен спортски корнер, со игри од натпреварувачки карактер, како и корнер каде што ќе може да ги научите стрелачките вештини.

Во склоп на Баскерфест, покрај атрактивната баскер програма на улични изведувачи, ќе има и музички стејџови со одлични бендови од сите страни на светот. Oбјавен е и конкурс за млади македонски бендови, диџеи и пејачи кои би сакале да се престават пред поголема публика и да го покажат својот музички талент. Баскерфест 2018 повикува и волонтери од 18-35 години, кои активно би се вклучиле во организацијата на фестивалот, каде што ќе стекнат незаборавно искуство дружејќи се со артисти и перформери од целиот свет.

Сите заинтересирани музичари и волонтери може да испратат мејл со кратка биографија на buskerfest2008@gmail.com

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford