На 21 август ( недела ) во детската игротека “Златна ѕвездичка“ во Трубарево, Скопје се одржа хуманитарна забава наменета за децата од поплавените подрачја.
На забавата децата од загрозените подрачја: Црешево, Стајковци, Брњарци, Сингелич, Смилковци и Винче со бесплатен организиран превоз пристигнаа во игротеката каде за нив организаторите направија одлична забава на која покрај насмевката на лицата на децата, можеше да се види и голема радост во очите на возрасните.
Главна атракција на забавата беа пејачите Слаткар и Даниел Кајмаковски, ликовите на Дизниленд и кловнот Лили.
Децата уживаа и во куклена претстава, маѓионичарски трикови и богато мени на храна, пијалоци и слатки.
На забавата присуствува и деца кои не живеат во погодените подрачја но дојдоа да се дружат и да остават симболична донација во кутијата за донации која беше наменета за собирање на средства за децата кои живеат во поплавените региони.
Настанот го организираше игротека “Златна ѕвездичка“ а покровители на забавата се: ЈСП Скопје, порталот zabava.mk, catalog.mk, Здравје радово, Мак прогрес (Винчини), Fancy Marrige, Маркети ЕЛ-НИК, Кловн Лили, пекара Вики, пекара Кисс ми, пекара Жути…