Славната старлета Ким Кардашијан во моментов е на краток одмор во Мексико заедно со нејзините деца. Таа не сакала да ја разочара „публиката“, па сигурна во себе ја покажала нејзината нова „стеснета“ линија.
Во минијатурното бело бикини, старлетата едноставно ништо не сокрила и гордо позирала правејќи селфија, додека влажното бикини ги оцртувало нејзините гради.
И додека некои фанови сметаат дека Ким Кардашијан изгледа подобро од било кога, повеќето од нив целосно занемеле од шок. Социјалните мрежи ки преплавија фотографии од ријалити ѕвездата и нејзиното изобличено тело.
Имено, нејзиниот задник е несразмерно голем. Тој е двојно поголем од остатокот на телото, додека нејзините нозе и стомак изгледаат некако вештачки затегнати.
Под притисок на фановите, Ким призна дека во нејзиниот задник вбризгува инјекции кортизон, но исклучиво поради медицински причини.
Меѓутоа, нејзините фанови не знаат веќе во што да веруваат. Дали Ким поседува природни облини или тоа е дело на некој пластичен хирург? Како и да е, сите се сложуваат дека телото на старлетата изгледа неприродно.