Вистински љубителки на уметноста, боите и убавиот имиџ се креатори на еден поинаков стил на декорирање во чија срж е вткаен целиот нејзин талент и чувството за креативност.
Нивното портфолио е богато со искуства кои ги стекнале благодарение на своите бројни ангажмани, следењето на светските трендови и големата доза на талент кој го поседуваат. Експериментирањето со спротивностите и овозможуваат да создаде траен и безвременски стил кој постојано го надоградува.
Оваа недела друштво ни прават Натали Папакоч Илиевска и Христова Ивона, две успешни млади девојки инаку сопственички на La Féerie.
Полека станавте неодминлив детал за секоја маниестација или забава. Како се роди љубовта кон оваа работа? Кој е виновникот?
НАТАЛИ: Љубовта кон оваа работа се роди многу спонтано а реализацијата на истата се одвиваше доста брзо. Корените потекнуваат уште во позадината на мојот факултет по дизајн каде сватив дека може да бидам многу успешна.
ИВОНА: Цел живот сонував да го работам ова, виновник е само љубовта кон оваа работа.
Koj стои зад La Feerie и кои се услугите што ги нудите?
НАТАЛИ: Зад La Feerie стојат две успешни млади девојки полни со енергија и подготвени да остварат сечија желба. Нудиме декорација на свадби и пакети со комплетна организација ( шатори за отворени прослави, фотографирање, музика и осветлување). Исто така декорираме и родендени, крштевки, мекици, baby shower, девојачки и декорации за новогодишни и велигденски прослави.
Романтиката, сензуалноста, женственоста се дел од секоја ваша креација, каде ја наоѓате инспирацијата ?
ИВОНА: Инспирацијата ја наоѓаме од зависност од желбата на секој клиент оделно. Секој клиент е различно размислување и различни барања многу нормално. После првиот состанок со нашите клиенти јас и мојата партнерка Ивона разменуваме мислења и дополнуваме идеи кои би се вклопиле во барањата на нашиот клиент. Една на друга сме инспирација за да можеме да оствариме тоа што еден клиент го бара од нас.
Кога креирате нешто, од што тргнувате првентствено, опишете го процесот од идеја до реализација?
НАТАЛИ: Првично поставуваме прашања за да дознаеме што би сакале од нас да оствариме и да сработиме. Потоа сите потребни материјали ги набавуваме како од Македонија така и од Бугарија Франција и Грција. Работиме обично со квалитетен материјал и сме многу посветени материјалите да бидат убави за изглед и квалитетни не штедиме на метеријал бидејки тоа е најбитно за да нештата излезат совршени така како што некои ги посакува клиентот а и ние си сакаме да е се под конец…
Потоа обработуваме се што е потребно си комплетираме се по списокот и сме спремни за изведување на посаканата декорација.
Вашата работа бара постојана ажурност, следење трендов, идеи, креативност, иновации… Како се снаоѓате со сето тоа?
НАТАЛИ: Секој ден е посебен за нас. Идеите неможеме да ги програмираме тие може да дојдат касно во нокта во текот на денот или од нешто што не испирирало предходно. Една со друга се надополнуваме со нашите идеи и даваме зелено светло за реализација. Бара целодневна ажурност а следењето на трендовите ни е најзанимлива работа, секогаш сме во тек со се што е ин.
ИВОНА: Немам проблем со тоа затоа што оваа работа за мене е љубов, совршено се снаоѓаме, полни сме со идеи, клиентите ги прифаќаат што уште еднаш докажува дека знаеме што нудиме…
Каква е конкурентноста во Македонија во светот на декорирањето? Колку од луѓето го користат овој тип на услуги?
ИВОНА: Не постои според мене конкурентност, секој си е креативен на свој начин, секој на свој начин се изразува. Луѓето со темпото на живот кое на некој начин ни е наметнато веќе се приморани да ,,не користат,, сите сакаат убава декорација, совршена организација но немаат сите време да трчаат сами да завршат се тоа, така да свесни за тоа дека ние кои ова го работиме може тоа да го направиме наместо нив.
Кој е вашиот омилен тип на свеченост/манифестација?
НАТАЛИ: Секоја свеченост е убава. Секоја прослава е убава на свој начин.
Што значи La Feerie ?
ИВОНА: La Feerie е Француски збор кои што одсега почнува да асоцира на еден добар тим како нас 🙂 Остварувач на соништа и реализација на истите.
Дали перфекцијата во професијата нужно ја практикувате и во приватниот живот?
ИВОНА: Јас сум девица во хороскоп – напорна сум со мојата перфекција на самата себе и на сите од околината. И ретко сум свесна за тоа, Искрено многу често ми замеруваат и ме молат да им дозволам дома да си се чувствуваат како дома и да се опуштат…. Напор!
НАТАЛИ: Како и на деловен така и на приватен морам да сум перфектна во се. Обично перфекцијата ја практикувам кај моето синче него се мора да му е остварено и се да е под конец.
Дали нудите услуги надвор од Скопје? Како заинтересираните читатели да стапат во контакт со вас?
ИВОНА: Достапни сме за цела Македонија. Нашите броеви можат да ги пронајдат на нашата Facebook страна и слободно да ни пишат за се што им сме потребни.
Кои се вашите очекувања во однос на вашите ангажмани? Што планирате во иднина ?
НАТАЛИ: Во иднина планираме да остваруваме нови идеи и да не копираме никого, секоја прослава да е сама за себе убава и секогаш да е со целосно нови и различни остварувања за да може да е секоја прослава различна.
Вашата порака до нашите читатели….
НАТАЛИ: Бидете со свој став и свои желби, не копирајте никого.
ИВОНА: За добра забава покрај добро расположение Ви треба и добра организиција.