Новогодишните празници се приближуваат па украсувањето на домот и елката е во полн ек. Доколку посакувате оваа година на вашата елка да и дадете личен печат, ви предлагаме одлично да се забавувате со вашите најмали а притоа да направите уникатни новогодишни украси за вашата елка кои не можат да се купат никаде, а изгледаат милион пати поубаво.
1. Снежни цветови
Се што ви треба се макази, конец, кратон од тоалет хартија и малку плава боја.
2. Метални лампиони
За оние кои сакаат елегантна елка украсена со рачно изработени украси, еве уште една идеална идеја. Набавете неколку бели кугли (или ги направете од стиропор), златна или сребрена хартија и малку лепак.
3. Детски лампиони
Направете шарени лампиони со помош на отисците на рацете на вашите деца. За изработката користете бела боја која се чисти од кожата.
4. Украси од сијалици
Сочувајте неколку расипани сијалици со различна големина и форма и искористете ги да напраете преубави уркаси за вашата елка. Сијалиците обојте ги еднобојно и на нив нацртајте Дедо Мраз, Снешко или други ликови.
5. Украси од тесто
Тестото обликувано во различни форми може да биде интересна декорација која притоа се јаде. Набавите калап во облик на срце и испечете убави кафени колачиња кои можете директно да ги завиткате во фолија и закачете на вашата елка.
Рецептот за изработка на тестото можете да го прочитате овде.
6. Снешко од кутија за јајца
Со неколку парчиња хартија, чепкалки и лепак можете да направете Снешко. Уште една инересна идеја…
7. Украси од хартија
Следуваат низа на идеи каде со неколку парчиња обоена хартија, пенкало и лепак можете да направете интересни украси. Кликнете на секоја од фотографиите подолу за да го погледнете видеото со инструкции за нивна изработка.
8. Украси од текстил
Шиењето и моделирањето на парчиња текстил ви оди од рака. За крај еве неколку идеи каде ќе го искористите тоа ваше знаење и ќе направете уникатни украси за вашата елка, кои веруваме ќе бидат ваша мала гордост.