Фолк пејачката Лепа Брена минатото лето на одморот во Хрватска ги скрши двете раце, а во почетокот на оваа година падна по скалите и го скрши лакотот по што се појавија шпекулации за тоа дека пејачката боледува од остеопороза.
Иако самата Лепа Брена изјавила дека овие повреди настанале сосема случајно, поединци давале изјави дека една од најголемите пејачки ѕвезди боледува од губиток на коскената маса.
– По повод шпекулациите во медиумите дека на Брена и се заканува остеопороза, мораме да ви кажеме дека таа убаво закрепнува, со оглед на тоа што на десната рака има гипс. Сакаме да нагласиме дека фолк дивата е одговорна кон своето здравје и мирува, а ја чека патување на Тајланд – пишува во соопштението, кое беше објавено пред Лепа Брена да отпатува на Тајланд.
Пејачката се огласила и на социјалната мрежа Твитер:
– Ќе бидам посилна кога ќе излезам од овој проблем! Поради себе, моето семејство и поради вас! Многу ве сакам – напишала Лепа Брена.