По раскинувањето на долгодишната врска помеѓу фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо и руската манекенка Ирина Шаек се чека ред меѓу мажите кои сакаат да си ја пробаат среќата кај познатата манекенка.
По тој повод на социјалната мрежа Твитер се јави НБа кошаркарот Јанис Антетокоунмпо од екипата на „Милвоки“, и порачал дека не сака повеќе да чека туку сака што побргу да ја освои преубавата Ирина и евентуално со неа да започне љубовна врска.
– Слушнав дека е слободна. Треба ли да ја контактирам, или сметате дека е сеуште рано за тоа ? – прашал кошаркарот на Твитер.
Со оглед на тоа дека на ова прашање ставил смајли на крајот, се поставува прашањето дали само се шегува или има намера да го освои срцето на убавата Ирина.