Едно истражување покажало дека со помош на пластичната хирургија лицето може да изгледа помладо за 9 години.
Истражувањето било спроведено на универзитетот во Торонто, а резултатите биле објавени во во научен труд за пластична хирургија на лицето.
Колку повеќе пластични операции ќе направи некој, толку ќе биде поголема разликата помеѓу реалните и вистинските години.
Студентите од прва година на факултетот по медицина требало да проценат колку години имаат 53 жени и 7 мажи, пред и откако отишле под нож. Сите пациенти имале направено фејслифтинг, помеѓу една и три операции.
Вкупно 22. од нив имале направено затегнување на лицето и вратот, 17. лицето со затегнување на очните капаци, а 22. ги затегнале лицето, вратот, очните капаци и челото. Како и што се очекувало, луѓето коишто имале направено повеќе операции изгледале помлади од оние кои имале направено само една.
Лицата кои направиле една операција во очите на студентите изгледале помлади за околу 5,7 години, оние со две операции 7,5, а пациентите со три операции изгледале 8,4 години помладо.
Со ова истражување покажале дека не е само третманот за подмладување на лицето она што прави разлика, успехот најмногу се мери според перцепцијата на околината.