Капитенот на германската репрезентација Бастијан Швајнштајгер во минатото бил дел во многубројни скандали се додека на ЕП во 2008 година не го „подбрала“ лично канцеларката Ангела Меркел.
Актуелното момче на српската тенисерка Ана Ивановиќ е миленик на нацијата, но, всушност, Бастијан Швајнштајгер неколку пати сакал да се откаже од фудбалот за да се забавува на техно забави во друштво на девојки, да ужива во опивање и марихуана, а од потполна пропаст го спасила германската канцеларка Ангела Меркел.
Бастијан како член на резервниот тим на Баварците често бегал од карантинот, а еднаш дури и го провалил безбедносниот систем и заминал да се забавува со девојката. Можеби за овој инцидент немало да се дознае доколку полицијата не го уапсила поради возење во пијана состојба при брзина од 200 км/час во четири часот наутро.
– Беше див тинејџер, бунтовник. Во тоа време беше еден од најголемите таленти, но ги полнеше страните на таблоидите со скандали. Веројатно ниту неми не му е јасно како успеал да остане на земја и да не ја уништи кариерата – рекол Херман Герланд, бившиот тренер на резервниот тим на Баерн.
Бастијан толку многу ги сакал техно забавите така што во еден момент сакал да го остави фудбалот и да започне кариера на ди-џеј. Но откако во дуелот против Хрватска на СП во 2008 заработил исклучување и суспензија, па во неговата кариера се вмешала канцеларката на Германија Ангела Меркел.
– Влезе во соблекувалната пред натпреварот со Португалија и почна да ми држи лекции. Ми рече да се освестам и да престанам да правам глупости. Бев шокиран – раскажал Бастијан.
На тој натпревар постигнал гол и асистенција, а потоа во полуфиналето го направил истото и ги однел Германците во финале.