Песната „Bailando“ на Енрике Иглесиас собра 686 милиони пати на Јутјуб и е најголем хит на албумот „Секс и љубов“ на пејачот Иглесиас кој заработи огромни пари на неа.
Но, двајца текстописци тврдат дека Енрике им ја украл песната.
Кристијан Ескути и Герман Шулц велат дека уште во 2009 година ја испратиле песната „Quiero Bailar Contigo“ во студиото „Сони“ и никогаш не добиле одговор. А потоа измината година ја слушнале песнат и веднаш сфатиле дека е нивната.
Хорскиот дел, текстот, мелодијата и ритамот според текстописците се целосно преземени.
Вистинските автори сметаат дека во пршање е завера со студиото на Сони кое има делумна сопственост на песната.