Мартин Видоевски: Најголемиот проект кој досега сум го работел е работата на себе!

Спонзорирани линкови

Мартин Видоевски е магистер по Човечки ресурси, меѓутоа неговата моментална професија и животна преокупација ни најмалку не се поклопуваат со она за што се образувал.

Тој истовремено е и сертифициран бодибилдинг и фитнес тренер преку Бодибилдинг и фитнес Федерацијата на Македонија и Факултетот за физичка култура, а неговото професионално искуство вбројува и менаџирање на Фитнес центарот во салата „Јане Сандански“. Денес работи како личен тренер во Фитнес центарот во Парк Хотел и Спа, меѓутоа она што е најинтересно кај Мартин е податокот дека од својата 14-та година па сѐ до денес има изгубено повеќе од 30 килограми и сосема го има променето својот животен стил. Вели дека најголем проект кој досега го има работено, а и сѐ уште го работи, е работата на себе. Од 2000 година е целосно посветен на фитнесот и здравата исхрана, а својот баланс вели го наоѓа единствено во истрајноста.

Тој всушност денот го започнува пред 6 часот наутро, секојдневно вежба до 7 часот, а сѐ до 16 часот ги одржува тренинзите со своите клиенти, додека попладнето и вечерта му се резервирани за семејството, ќеркичката, миленичето, и секако пријателите.

Ваквиот начин на живот го започнал пред повеќе од 17 години бидејќи, како што вели, бил „дете со проблематична тежина“.

„Откако паметам за себе, јас бев заоблено дете и мајка ми секогаш ми зборуваше да ја променам исхраната. Тоа се случи неколку недели пред полуматурата, кога започнав друг начин на исхрана и да тренирам. За неполни два месеца намалив 32 килограми и оттогаш па сѐ до ден денешен вежбањето ми е во крвта и нема ден да го прескокнам. Мотивацијата е сѐ поголема со секој нов клиент кој започнува едно патување со мене. Нивната доверба ми ја подигнува мотивацијата на сѐ повисоко ниво“, раскажува Мартин.

Тој вели дека вежбањето и исхраната се негов личен ритуал. Секојдневно и без исклучок вежба, додека истовремено и применува високо протеинска исхрана која е ограничена со внесување на јаглени хидрати и масти. Појадокот од 2006 година го нема променето и вклучува 60 гр овесни снегулки, 200 мл Balans+, 100 мл вода, 2 мерици протеински шејк, 1 лажица чиа семе и 1 лажица ленено семе. Понатаму во текот на денот јаде месо или риба со салата.

Сепак, објаснува Мартин, дека не е роб на својата исхрана:

„Доколку почувствувам потреба да каснам нешто друго, тоа го правам без никакво двоумење и без грижа на совест, затоа што знам дека повторно ќе се вратам на правилниот начин на исхрана“, вели Мартин.

Независно дали се работи за пица или здрав протеински оброк, хамбургер или чиа салата од некој веге бар, кај него секогаш здравиот оброк победува, меѓутоа домашната пита од неговата баба со чаша Balans+ исто така е секогаш добар избор, со смеење раскажува Мартин.

„Во секој случај, независно дали ќе се одлучам за здрав или „нездрав“ оброк, Balans+ влегува во секоја комбинација, а балансот пред сѐ го наоѓам во вежбањето и во внесот на калории. Доколку си дозволам помалку здрав оброк, го компензирам со вежбање со цел да ги изгубам дополнителните калории“, вели тој.

Според Мартин, не постои ништо идеално „здраво“, меѓутоа секако дека постои правилен начин на исхрана. Тој треба да ги содржи основните компоненти за правилна функција на телото и метаболизмот, а тоа е различен внес на протеини, како месо, риба или млечен производ како Balans+, потоа здрави јаглехидрати, како овошје, зеленчук и житарки и здрави масти, како различни видови семиња, јаткасти плодови и сл.

Со оглед на тоа дека неговиот појадок повеќе од 10 години не е променет и истиот вклучува и чаша Balans+, Мартин објаснува дека го консумира токму овој јогурт бидејќи прави да се чувствува лесно и му ја дава потребната енергија како поддршка на неговиот динамичен ден.

„Го консумирам, се разбира, и поради одличниот освежителен вкус, но со сигурност тврдам и дека помага во варењето на храната и во регулирање на метаболизмот бидејќи ги намалува стомачните тегоби. Често за мене претставува и замена за брз, здрав оброк или ужина, најчесто во комбинација со житарки“, вели Мартин.

Неговата посветеност и истрајност во правилниот начин на живот и исхрана, се всушност доказ и позитивен пример дека секој може да успее во својата цел. Вели, во животот мора да се најде баланс во сите предизвици кои ни ги носи. Работата е работа, меѓутоа семејството треба секогаш да биде на прво место и со добра организација на времето баланс се наоѓа во сѐ.

„Правете го во животот она што ве прави среќни“, порачува тој. „Прекраток период сме на Земјата за да трчаме по туѓи идеали. Најдете во својот баланс токму во она што ве исполнува, и тоа ќе биде вашата идеална формула за среќа.“

Целото интервју со Мартин Видоевски можете да го прочитате овде.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Концерт на Теа Таировиќ на 30 ноември во Скопје
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Избор
После колку удари се предаваш?
Предновогодишна генералка
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford