Kолумбиската пејачка Шакира и дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике и по вторпат станаа родители. Шакира синоќа во Барселона роди здраво момче и тоа две години по раѓањето на првото дете, на кое му дадоа име Милан.
Среќните родители вестите ги соопштија неколку минути по полноќ, а се уште не е познато името кое ќе го носи новиот член на семејството Пике.
Пике и Шакира во врска се од 2010 година.