„Desert in Paris“ е оригиналното име на оваа одлична фото-сторија за најромантичниот град на светот. Нејзин автор е францускиот фотограф Генаро Барди.
Фотографиите кои ќе имате можност да ги погледнете се направени во текот на ноќта помеѓу 24-ти и 25-ти декември 2014 година, кога фотографот имал ретка можност да го долови Париз „во спиење“ со осамени улици, тивок и мирен.