Поп-пејачката Никол Шерцингер ја раскина врска со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон (30) со кого е во врска веќе 7 години.
36-годишната пејачка го остави шампионот во Формула 1 поради тоа што многу и пречела нивната раздвоеност и врската на далечина.
Доброупатен извор вели дека оваа одлука била заедничка, и поради своите обврски само ја одолговлекувале.
Пријателите на познатата двојка се сигурни дека љубовта повторно ќе ги спои бидејќи по четврти пат раскинуваат во седум години врска.
Други извори пак тврдат дека Никол наводно го оставила Луис поради тоа што не сакал да се ожени со неа.
Пред неколку месеци во јавноста се појавија гласини дека двојката ќе се сврши, но пејачката откако увидела дека Хамилтон нема намера да ја запроси, решила да и стави крај на нивната романса.