Српската водителка Марија Килибарда која се прослави како водителка во шоуто „Твоето лице звучи познато“ најверојатно ќе биде дел од втората сезона на регионалното шоу X Фактор Адриа.
Од продукцијата им порачуваат на фановите да бидат трпеливи:
– Преговорите се во тек и се додека е така, ние би се воздржале од коментари. Јавноста навремено ќе биде известена за деталите.