Луксузното одморалиште со пет ѕвезди, Сонева Гили, скриено во Индискиот океан на архипелаг од 1.190 острови на Малдивите го опишува само еден збор – рај.
20 минутно возење со чамец од аеродромот ќе ве донесе до Сонева Гили, каде 45 вили над вода ги дочекуваат гостите.
Тука ќе најдете се што ви треба за еден долг одмор, вклучувајќи спа центри, одлична вечера и водени спортови.
Но, она што го прави Сонева Гили да се истакне, на страна од неговата природна убавина, е одговорноста кон околината која ова одморалиште ја има, внимавајќи да не влијае негативно на еколошките влијанија или да го уништи екосистемот.
Дури и изградбата на одморалиштето била завршена со користење на одржливи дрва и природни материјали.