Во четвртокот во белградската населба Врачара српската пејачка Ана Николиќ била ограбена, односно од нејзиниот џип и била украдена чантата во која освен паричникот, документите, фото-апарат, клучеви од новиот стан, бил и нејзиниот мобилен телефон.
Поради фактот што телефонот бил преполн со секси снимки настана голема паника кај српската пејачка.
– Ана самата е виновна за грабежот бидејќи не го заклучила автомобилот. Поради својата заборавеност сега е во хаос. Во чантата имала вредни работи, но пејачката е во паника поради својот мобилент телефон Ајфон 6 во кој има провокативни фотографии и снимки. На поголемиот дел од нив е снимена топлес и се плаши дека тие фотографии ќе осамнат во медиумите – изјавил добро упатен извор за српски Курир.